Познатата руска телевизиска водителка Ксенија Собчак добила Твитер закани по своја адреса во одговор на нејзиниот став за убиството на политичарот Борис Немцов, пишува topnews.ru. Меѓу добиените бројни пораки се: “И тебе, кучко, ќе те закопанаме”, “Не ни е жал ниту за него, ниту за тебе” и “Ти си следната, Собчак се нашите очекувања”.
Слични закани добивал и Немцов поради својата позиција за случувањата во Украина. Ксенија Собчак е позната по тоа дека е од ретките кои си дозволуваат отворено да го критикува Путин и неговата работа.
Неодамна во етерот на НТВ, таа рече дека во Донбас се бореа делови на руската армија, а тоа е табу за прокремељските новинари. Таа директно ги обвини дописниците на “Комсомольская правда” во Украина во бедлничење и сервиленост кон Путин. Во 2012 година, домот и беше претресени поради планирани протести на опозицијата против претседателот Владимир Путин .
Блиски до власта руски медиуми се фокусираа на врз фактот дека при претресот на домот на Собчак биле пронајдени 1,5 милиони рубљи. Телевизиската водителка коментира дека годишниот приход и надминува 2 милиони рубљи и самата има правото да избира каде да ги чува парите