Царина: Не треба да се плаќаат шпедитерски услуги за мали пратки до 800 евра


Граѓаните не треба да плаќаат за шпедитерски услуги за брзите пратки. Износот што тие го плаќаат на т.н брзи пошти дополнително им ги зголемува трошоците. Шпедитерите не ги известуваат граѓаните за можноста усно да ги пријават стоките без трошоци за царинска декларација,  а граѓаните не се доволно информирани поради што до Царинската управа стигаат поплаки за високи царински трошоци.granica carina tabanovce mk

Ваква декларација граѓаните можат да поднесат за мали пратки нарачани преку интернет, испратени по брза или регуларна пошта од страна на странско физичко лице во вредност до 800 евра и тешки до 1000 кг.

Ова не значи ослободување од царински и други давачки. Стоките воглавно се царинат со единствената царинска стапка во висина од 15 % од царинската вредност.

Исклучок се пратки кои содржат тутун и алкохол, за нив се применуваат давачки пропишани во царинската тарифа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1