Една мајка трпела секојдневна тортура од своите деца, кои знаеле да ја тепаат и по 30 пати на ден, меѓутоа на никого не сакала да се пожали бидејќи и било срам.
Паулин Боб (47) од Англија доживеала да ја удира синот кој има само 11 години, како и да ја дави деветгодишната ќерка.
Синот на Паула, Спенсер, првпат ја нападнал мајка си кога имал само четири години, нанесувајќи и убод со ножиците во стомакот. Тогаш насилството почнало да станува се полошо. Децата секојдневно ја малтретирале и ја тепале, а таа молчела за да ги заштити.
– Се плашев за своите деца. Нозете постојано ми беа со модринки и секогаш носев панталони за никој да не го види тоа. Времето кога доаѓаат од училиште стана најлош дел од денот во животот – раскажува Паулин.
Со години го трпела насилството, а тогаш одлучила да побара помош и да дознае поради што нејзините деца така се однесуваат. Наскоро е утврдено дека нејзиниот син боледува од хиперкинетичко нарушување.
Откако почнал да зема терапија, престанал да ја малтретира мајка си, но неговата сестра Сафир тоа не го направила. Секојдневно ја удирала и малтретирала, а еднаш и ја гризнала за лице својата мајка.
– И кај мојата ќерка е утврдено истото нарушување. Веќе извесно време зема терапија, но се уште нема полн ефект. Понекогаш кога ќе ми постави некое прашање, ако не и одговорам во тонот кој таа го сака или доволно брзо како што таа би сакала, веднаш почнува да вреска на мене, а често и ме удира – раскажува несреќната мајка.
Иако многумина сметаат дека Паулин е луда што со години трпела насилство од децата, таа вели дека и било срам да признае дека нејзините малолетни деца ја тепаат секој ден.