„Слободно стисни, има уште деца за газење“ – Контроверзен сообраќаен знак


Ерве Брујер, градоначалникот на францускиот град Бретењер, предизвикал контроверзии поставувајќи на главната улица сообраќаен знак на кој пишува „Слободно стисни, има уште деца за газење!“.

Изнервиран од однесувањето на возачите што минуваат низ градот со луда брзина, Брујер се надева дека со оваа „бомбастична порака“ ќе успее да допре со нивната совест и да ги натера да ги почитуваат сообраќајните правила.

znak-480x272

„Тоа е хумор, некои би кажале црн хумор“, изјавил градоначалникот за француските медиуми, признавајќи дека не добил поддршка од сите граѓани.

„Некои се противат, бидејќи се плашат дека ќе ги поттикне возачите да возат уште побрзо. Но искрено, треба да бидеш прилично глупав за пораката да ја сфатиш буквално“, истакнал тој.

Сепак, сообраќајниот знак засега не дава значителни резултати, со жалење констатирал Брујер, додавајќи дека низ градот сѐ уште се вози пребрзо.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1