Во српското село Метлиќ, во куќа се пронајдени мртви 82-годишната Милена В. и нејзиниот син Миле (43).
Српската полиција извршила увид на местото, а веднаш е воочено дека нема видливи повреди по телата. Смртта на мајката и синот била мистерија додека не била направена обдукција која покажала дека и двајцата умреле од природна смрт.
Според првичните информации мајката боледувала од тешка и неизлечлива болест додека нејзиниот син починал од цироза на јетра. Судбината сакала да починат на ист ден.