Костовска: Двете бебиња воопшто не примиле вакцина Дитепер


Двете новороденчиња за кои во медиумите беше објавено дека постои можност да починале по прием на вакцина Дитепер воопшто не биле вакцинирани со неа, соопшти денеска Јованка Костовска, претседател на Комисија за заразни болести, пренесува МИА.lekar spric

Формирана е комисија која ќе изврши контрола кај матичниот лекар, кај тимовите за вакцинација и секаде каде што биле лекувани овие деца или биле примени пред да им биде констатирана смрт. Се чекаат резултатите од обдукцијата кои треба да покажат од што настапила смртта, информира Костовска.

Едното од бебињата било на двемесечна возраст, а другото имало еден месец. Едното е од Студеничани, а другото од Шутка.

Дитепер вакцина се дава, како што појасни Кокстовска, дури по наполнети три месеци.

Mедиумите претходно објавија дека едното од новороденчињата починало на 1, а другото на 3 март, отако примиле вакцина Дитепер.

Вакцина можен фактор за смрт на две новороденчиња во Македонија

 

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1