ФОТО: Славеле 8 Март во кафеана во Штип- им наплатиле плус 800 денари за музиката


Група гости имале горчливо искуство во една штипска кафеана. По добрата забава вчера, на денот на жената добиле фискална сметка за она што го јаделе и пиеле. Но, сумата не била проблем, туку она што на дното на фискалната го пишувало и тоа допишано со рака- 800 денари дополнително за да се плати музиката.

Иако музиката која сворела во кафеаната е обврска на самиот сопственик, очигледно се воведува некоја нова „музичка” политика или локален ЗАМП. Сумата од 4.145 денари потршпени за храна и услуга, дополнително била оптоварена со 800 денари за музика, односно рапсоложеното друштво морало да плати вкупно 4945 денари, пишува ТВ Стар од Штип.

500fiskalna-muzika-1

Откако се побуниле, но не добиле задоволителен одговор, тие одлучиле парвдата да ја бараат низ државните институции. Упатиле писмо до трудовиот инспекторат, а копија упатија и до „старплус”. Во обраќањето на гостите до трудовата инспекторка се вели:

-Ние, група револтирани граѓани, Ви се обраќаме во врска со неправилности што се случија на синоќешната прослава на 8 Март во Ресторанот…(името познато на редакцијата) во Штип. Точно е дека имаше жива свирка, но кога во вторникот резервиравме маса за 8 лица, никој не ни најави дека за музиката треба да плаќаме дополнително, туку само дека ќе има музика и ќе биде многу убаво. По вечерањето, побаравме сметка и истата ја чекавме повеќе од половина час за на крај кога ја добивме да не знаеме дали да плачеме или да се смееме… На сметката со пенкало беше допишано „МУЗИКА 800 ден.”, со инсистирање од келнерот дека мора музиката да се плати. Пред да ни ја донесат сметката, една госпоѓа цел час се расправаше нешто со газдата на шанкот, ама не знаевме зошто и како. Впрочем, се испостави дека таа се расправала поради истава причина. А ние за да избегнеме инциденти, си ја плативме сметката со плус МУЗИКА 800 денари и покрај тоа што музиката само од нашето друштво имаше „лепенки” во текот на вечерта од 1500 денари, плус 10 евра. Оваа неправилност сакаме да ја пријавиме до Вас за понатаму да преземете соодветни мерки оти по добивањето на сметката, од страна на келнерот добивме образложение дека за дочек на Нова Година со купување карта за влез се плаќала музиката, а сега оти не се плаќал влез морале да ни допишат 800 денари со пенкало, па ние да си платиме. И реков, си плативме… Но ниту кога резервиравме, ниту кога влеговме во локалот, НИКОЈ не ни рече дека музиката ќе се плаќа екстра и тоа на ваков НЕЛЕГАЛЕН начин. Во прилог Ви доставуваме КОПИЈА во боја од фискалната сметка! Срамота за газдата ! …што решил да печали на грбот на своите редовни муштерии кои се’ уште се со став дека таму има многу вкусна храна и добра кујна! Но кога ќе те удрат дебело и длабоко по џеб и стомакот почнува да мисли поинаку! А Вам однапред Ви благодариме!
Со почит, Група револтирани граѓани, напишале за ТВ Стар.

Коментарот не е потребен. Се плаќа храната, се плаќа пијалокот, се плаќа музиката па сосема е лигично како следен чекор во оваа кафеана да се плаќа и… воздухот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1