Педофил од Велес се обидел да силува 12 годишно дете


Четириесет и седумгодишен велешанец се обидел да силува 12-годишно дете. Тој во понеделникот го повикал детето да го повози со неговиот автомобил, пренесува Вечер.

pedofil_1

Осомничениот и жртвата биле соседи. Дванаесетгодишното дете, не соменвајќи се во намерите на соседот влегол во возилото, а педофилот пак веднаш ги заклучил вратите и почнал да го допира и соблекува. Детето се спротивставило, пружило отпор и се обидело да бара помош, а неговите врисокци и удари биле доволно педофилот да се откаже во намерата. Го вратил детето во близина на неговиот дом и му се заканил за да го исплаши и да го спречи да каже што се случило.

Сепак детето веднаш им раскажало на своите родители за пеколот низ кој минал, а тие пак веднаш го пријавиле соседот педофил во полициската станица.

Од Јавното Обвинителство соопштија дека против осомничениот е поднесена кривична пријава за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години а судија на претходна постапка му одредил триесетдневен притвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1