Пронајдено е малото девојче за кое денеска беше соопштено дека било киднапирано во населбата “Браќа Јерковиќ” во Белград.
Полицијата успеала да го лоцира двегодишното девојче, а киднаперите биле фатени кога се обиделе да ја поминат патарината кај Шимановац.
Очевидците на драмата кај Шимановац раскажуваат дека со автомобилот марка БМВ управувала девојка, а на совозачкото место седело момче кое најверојатно е напаѓачот којуспеал да го украде детето. Мајката,која во моментот на киднапирањето била до својата ќеркичка, веднаш била пренесена со брза помош.