Партијата на Тачи влегува во Владата?


Деновиве се воделе интензивни преговори меѓу првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ и на ДПА кои финиширале со договор ДПА да добие позиции во Владата и во некои од државните институции.

Договорот за коалицирање би можел да биде објавен веќе на почетокот на идната недела. Според она што се дознава, целта на проширувањето на владината коалиција е да се осигура стабилно двотретинско мнозинство за некои идни владини проекти.taci71

Преговорите меѓу Мендух Тачи и Никола Груевски кои , според медиумите, се воделе деновиве завршиле и со договор. Договорено е ДПА да добие позиции во Владата и во некои од државните институции.

Причина за договорот меѓи ДПА и ВМРО ДПМНЕ, според медиумите, е да се осигура стабилно двотретинско мнозинство во собранието.

Пред два дена лидерот на ДПА, Тачи во Приштина се сретна со претседателот на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај.  Од Косово Тачи зборуваше како треба да се решат проблемите на Албанците во Македонија.

– Политичките барања на Албанците во Македонија се многу едноставни и се сведуваат на две – одлучувањето во државните институции да биде со целосен консензус, што значи дводомен Парламент, дом на граѓани и дом на народи. Второто прашање е поделба на државниот буџет за Албанците, надлежноста за потпишување да биде во рацете на висок функционер – Албанец, независно дали е вицепремиер, или заменик-претседател – рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

PlusInfo.mk

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1