Милијардерот Роберт Дарст уапсен за убиство – 2 жени во неговиот живот исчезнале


Американскиот милијардер Роберт Дарст, чие семејство е сопственик на неколку капитални недвижности на њујоршки Менхетен е уапсен под обвинение за убиство во Њу Орлеанс, во сојузната држава Луизијана, пишуваат во неделата американските медиуми.robert darst

Според медиумските извештаи, 71-годишниот Роберт Дарст е осомничен за вмешаноста во убиството во 2000 година на својата пријателка Сјузен Берман, како и за исчезнувањето на неговата прва сопруга Кетлин Дарст во 1982 година. Минатата седмица медиумите пишуваа дека обвинителството на Лос Анџелес повторно ја отворила истрагата за убиството на Берман, а сега истражителите издале налог за апсење на Дарст. Самиот милијардер изјавуваше дека нема „ниту најмалку претстава“ за тоа кој би можел да ја убие неговата пријателка и не знае што се случило со неговата прва сопруга.

Во 2001 година Дарст беше уапсен во Галвстон, во Тексас, каде што живееше во тој период, под обвинение за убиство на неговиот сосед. Сепак, бизнисменот успеа да ја убеди поротата дека тој дејствувал во самоодбрана и ја избегна долгогодишната затворска казна.

Според магазинот Forbes, богатството на Дарст се проценува на 4,4 милијарди долари. Семејството на бизнисменот поседува 11 деловни изгради на Менхетен. Покрај тоа, сопственик е и на 10 отсто од акциите на облакодерот на Светскиот трговски центар – 1, изграден на местото од „кулите близнаци“, урнати во терористичките напади од 11-ти септември 2001 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1