ДПА: Измените за личните карти се за истребување на 200.000 Албанци


Измените на законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните и предлогот за изменување и дополнување на законот за личната карта, се закони за истребување што имаат за цел да ги остават без нишан, адреса и огниште, туѓинци во својата земја повеќе од 200.000 Албанци, наши печалбари кои поради дискриминаторската политика на оваа влада се присилени да избегаат од своите домови, да емигрираат, изјави денеска пратеникот на ДПА, Газменд Алиу на прес-конференција.dui dpa

– Овие предлог закони уште еднаш, како и многу пати досега, ни сведочаат колку е штетна сервилноста и дволичната политика на ДУИ. И во големите трагедии на Албанците тие стануваат дволични и се обидуваат и од овие случаи политички да профитираат или пак ако не профитираат да се амнестираат од злосторот. Во почетокот оставаат законите да се спремат од нивните министри и заменици, после ги гласаат на влада а кога дојдат во парламентарна процедура за да ги скријат трагите од криминалот се прават дека се против овие закони, но обезбедуваат кворум за истите да поминат. Оваа нивна неморална игра им нанесува голема штета на Албанците во овие последни 10 години – рече Алиу.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1