Во Вашингтон Д.Ц. сега 83 годишниот поранешен офицер сведочеше за таканаречениот граѓански слух за настанот што се случил во 1952 година. На сослушувањето присуствувале шес поранешни членови на американскиот Конгрес.
Ричард Френч пензиониран офицер од Американското воздухопловство кои во 1950-те работел на проектот „Сина книга“ чија главна цел било побивањето на гласините за НЛО кога дошол на ред да сведочи ги занемел сите.
,,Тајната ја чував 60 години, но сега сум стар и порано се плашев за својата кариера, да не речат дека сум се поместил од умот, но денес сум стар и морам да раскажам што видов па му се допаѓа тоа на некој или не,, вака офицерот го започнал сведочењето
Имал задача да ги побива доказите за НЛО. Патувал каде што граѓани пријавувале инциденти со НЛО и со докази и истрага докажувал дека тврдењата се лажно. Но!!! Во едно свое истражување тој тврди дека наишол на сосема спротивни докази, и за нив неодамна сведочел и пред колегите кои имале слични искуства.
Најнезаборавената средба која ја прераскажал се случила откако ја добил првата пријавата за НЛО од страна на жителте на крајбрежниот град Свети Јован. Веднаш со екипа отпатувале до местото.
Кога пристигнал на местото да направи истрага, останал изненаден. Имено тој тврди дека јасно го видел вселенското летало од непознато потекло кое паднало под површината на водата и останало таму некое време, додека суштествата, за кои Френч тврди дека се вонземјани, го поправале. По завршувањето на поправката, НЛО-то брзо излегло од водата и со огромна брзина летнало во височина.
Офиверот тврди дека цело време бил очевидец и сведок и со свои очи ги видел суштествата. Нормално повеќе детали од ова не излегле во јавност, а и ова се знае благодарение на инсајдерите на новинарите кои присуствувале на судењето. Тие потоа го пречекале офицерот пред зградата и тој каѓал кратко ,, сега сум стар и едноставно морав да кажам што видов,,
Дали ќе се обелодени целото сведочење на офицерот заедно со материјалите кои ги доставил или засекогаш ќе остане мистерија што видел во овој град или и околу оваа приказна ќе се плетат мрежи на мистерија и теории на завери – останува да се види .