Археолозите реагираат на пресудата за „Музеј“, бараат да се најдат вистинските сторители


Македонското археолошко научно друштво, единствената асоцијација на професионални археолози во Македонија, најостро го изразува својот револт на пресудата за случајот „Музеј“ со којашто вработени во Музејот на Македонија и еден златар беа осуден на затворски казни од една до 8 години и осум месеци за исчезнување на артефакти во Музејот.

„Институциите инволвирани во овој судски процес, нам и на јавноста ни должат транспарентно објаснување како и зошто се случи да бидат обвинети вработени во Музејот на Македонија, имајќи го предвид ноторниот факт дека исчезнатите вредни предмети не се пронајдени ниту пак се откриени сторителите на кражбата. Дигнитетот на нашата професија во изминативе неколку години,  вклучувајќи го и овој последен чин на јавно понижување, за жал е  урнисан токму пред портите на институциите коишто ја чуваат и ја штитат слободата на мислата и човечката правда и правото“ се вели во реакција на Археолошкото друштво.artefakti muzej

Тие сметаат дека нивните колеги се осудени на драконски казни иако стручно и чесно си ја вршеле работата.

„Лицата осудени со драконски казни, какви што не и се познати на историјата на македонското право, стручно и чесно ги открија на археолошките терени сега исчезнатите артефакти, истите ги документираа, јавно ги презентираа на археолошки изложби и ги популаризираа во печатените и електронските медиуми“ додаваат во реакцијата.

Тие бараа од инстируциите да ги отркија вистинските сторители на овој според нив, срамен чин којшто и наштети на државата, на Министерството за култура, на музејските установи, но најмногу на македонската археологија.

„Исто така бараме надлежните судски инстанци односно повисоките судови, како и досега, да продолжат да работат согласно словото  на законот во корист на правдата и вистината“ се вели во реакцијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1