Скопјанец бегал од полиција, па се забил во полициската кола


Полицијата привела скопјанец, кој се обидел да шверцува тројца мигранти, а откако се обидел да избега удрил во полициско возило.

Во петокот вечерта околу 20.30 часот во близина на раскрсницата на патот Гевгелија-Богданци полицајците забележале возило со мигранти, кое се упатило кон село Богородица, а потоа по автопатот Е-75 кон Скопје.policijavonl

На автопатот во правец од Гевгелија кон Скопје полицајците му дале знак на возилото да застане, но при обидот да го прегледаат возилото, тој нагло го стартувал и удрил во полицискиот автомобил.

Откако автомобилот застанал, возачот избегал преминувајки преку металните огради на автопатот, по што од страна на полициските службеници е фатен иако при приведувањето давал отпор.

Во автомобилот „БМВ“ биле најдени тројца сириски државјани без документи за идетификација. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1