Мотоциклистот што во понеделникот го усмрти скопјанецот Бошко С. (76) немал положено возачки испит и немал 18 години, туку бил малолетник, кој не смеел воопшто да управува мотор, велат извори од полицијата

Foto – Kurir.mk
Сообраќајната несреќа се случи во понеделникот околу 20 часот, во близина на Олимпискиот базен во Скопје.
Иако мотоциклистот се обидувал да закочи, за што сведочеа и долгите траги од кочење на коловозот, не успеал да го контролира моторот и да го избегне пешакот, кој веќе бил на коловозот. Од ударот старецот почина на самото место на несреќата. Моторџијата и совозачот со лесни повреди биле префрлени во болница. Неофицијално, од полицијата потврдуваат дека пешакот не бил на пешачки премин.









