Исповед: Мажи бираат да преминат во ислам или да умрат – жените се сексуални робинки


Доколку Исламската држава зароби мажи, тие имаат избор, да преминат во ислам или да бидат убиени, додека жените во секој случај се продаваат како сексуални робинки, пишува “CNN”.

Жените кои родиле или доеле се сметале за валкани и не можеле да бидат сексуални робинки, наведува CNN и истакнува дека 19-годишната Ханан која разговарала со нив, не влегува во таа категорија.iranka samija muslim

“Нас не одвоија. Не влечеа за коса. Ги земаа и мажените жени и младите. Најмладата имаше само 10 години. Сите до една плачевме. Ни кажаа дека повторно ќе не омажат и дека ќе го заборавиме нашето семејство”, истакнала Ханан.

Првата седмица таа била држена заедно со 50 други девојки и сите секојдневно биле тепани и мачени, а за храна добивале само чинија ориз.

Групата била одведена во Мосул, на место опишано како складиште за сексуални робинки, каде биле држени повеќе од 100 жени.

“Не редеа во линии од 10 девојки. Ни велеа да не мрдаме и да не плачеме или во спротивно ќе не претепаат. Мажите доаѓаа и опишуваа каква девојка сакаат и избираа од нас”, наведува Ханан.

Таа на крајот била избрана во група од 25 девојки, за конечно по некое време да биде издвоена во помала група и одведена во куќа на село.
Двајца борци од ИСИС ја чувале вратата и им наредиле на девојките да се капат и да се чистат сами.

“Доведоа една девојка која била со нив два месеци. Носеше црн хиџаб. Ни кажаа дека ќе ни го направат истото што и на неа. Таа потоа ни кажа дека ја тепале, врзувале и силувале”.

Набрзо потоа Ханан одлучила да се обиде да побегне, и една ноќ се провлекла низ прозорот во спалната соба.

“Четвртата девојка излезе, а јас бев петта. Ползев до ѕидот и токму кога сакав да скокнам ја видов нивната ламба. Ги фатија последните две девојки”, наведува Ханан.

Како што наведува, трчале и успеале да побегнат. Четири часа подоцна биле надвор од територијата на Исламската држава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1