Ве молам, отпуштете ме


Дека некоја работа и тоа како може да биде тешка, докажале работниците од целиот свет, кои своите деловни приказни ги споделиле на блогот Please Fire Me, (Ве молам отпуштете ме). На него споделуваат неверојатни работи кои ги доживеале на своето работно место, од смешни сцени и навреди до насилства.

– Ве молам, дајте ми отказ. Работам во повикувачки центар и ме фати икавица. Шефот се издра на мене и ми рече дека икањето е непрофесионално.work boss2

– Ве молам, отпуштете ме. Денеска дојде човек во локал за брза храна и бараше вегански колбас.

– Ве молам, отпуштете ме. Работам во забавен парк и задолжена сум за безбедноста во дворец на дување. Денеска еден гневен родител викаше на мене бидејќи не пуштив 10 годишно дете кое тежи над 70 килограми да скока со тригодишни деца.

– Ве молам, отпуштете ме. Им се јавив на родителите на едно дете во училиште бидејќи постојано го користи мобилниот на настава. Во понеделникот детето во училиштето се појави со нов мобилен.

– Ве молам, отпуштете ме. Работам во кино и кога почна прикажувањето на филмот 50 нијанси на сива, гледачка ме замоли да ја фотографирам пред постерот од филмот со шлаг во раката.

– Ве молам, отпуштете ме. Работам на прием во болница и јадев сендвич од шунка. Ми пријде човек и ми рече: Хеј госпоѓо, престанете да го јадете тоа одвратно нешто, мојот син не сака свинско. Му одговорив, ако му пречи нека не гледа. По завршувањето на смената излегов од зградата и тој ист човек ме дочека и ме удри.

– Ве молам, отпуштете ме. Работам во продавница за долна облека и повремено ни доаѓа еден маж кој ги мириса гаќичките.

– Ве молам, отпуштете ме. Јас сум единствена жена вработена во фирмата и редовно ги кријам тампоните кога одам во тоалет. Еднаш случајно ми падна еден, а мојот колега, целиот зачуден, инсистираше да му објаснам што е тоа. Кога му кажав, изјави дека не можам така да се однесувам и дека тоа е одвратно. Потоа му реков дека тоа е природна работа и не е нешто што можам да го контролирам. На тоа тој ми рече: Зборувај си го тоа, ако така ти е полесно.

– Ве молам, отпуштете ме. Работам во продавница за гитари и луѓето редовно ме прашуваат дали продавам гитари.

– Ве молам, отпуштете ме. Денеска во продавница дојде купувач и бараше да му ги вратам парите за цвеќе старо една недела.

– Ве молам, отпуштете ме. Работам во ресторан и неодамна се појавија бубашваби на што го предупредив шефот. Тој рече дека ќе го среди тоа, но не го среди. Сега на секое спомнување на тоа се брани и вика. Навистина не сакам секој ден да месам мртви бубачки и да ги наоѓам живи во храната. Не сакам постојано да се извинувам на гостите. Па зарем така се води бизнис?

– Ве молам, отпуштете ме. Купувач дојде во продавница и се обиде да врати чевли кои биле носени најмалку шест месеци. Се жалеше дека се оштетени. Бидејќи продавницата нема рок за враќање на стоката, доби нови чевли. И така веќе некое време си ги менува чевлите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1