Ивона Талевска заедно со еден од двајцата повредени сниматели е префрлена во болница, дознава Press24 од полициски извори. Според информации Талевска и снимателот имаат повреди на рацете и главата
Група хулигани вечерва ја нападнале главната и одговорна уредничка на весникот „Вечер“ и двајца сниматели на ТВ Сител, објави весникот.
Инцидентот се случил вечерва, кога Ивона Талевска и двајца сниматели од телевизија Сител се упатиле кон автомобилот, по протестот пред Собранието.
Тие, како што пренесува весникот, се движеле по плоштадот Македонија, кога група од 15 лица почнале да викаат по нив и ги следеле до улицата Максим Горки.
Талевска и двајцата сниматели влегле во автомобилот, кој бил паркиран во близина на плоштадот, а групата од 15 лица почнале да го кршат автомобилот, по што ги нападнале, односно, се обиделе да се пресметаат со нив. Снимателите и Ивона Талевска се здобиле со повреди по телото и лицето.
Инцидентот го потврди и Ивона Талевска.
-Професионално го следевме, односно го покривавме протестот на опозицијата. Со ништо не ја предизвикавме групата, а сепак бевме нападнати. Не нападнаа кога влеговме во автомобилот. Ги искршија прозорците и не нападнаа вели Талевска
Случајот е пријавен во полиција