Потресна исповед на Даниела: Ме нападнаа во автобус бидејќи носев крст


Тројца исламисти во австрискиот град Велс ја нападнале Србинката Даниела Н., при тоа барајќи од неа да го фрли синџирот со крст кој го носела околу вратот. Инцидентот се случил во автобус, а девојката била спасена од шоферот.

Наводно, Даниела тргнала на работа со автобус. Речиси цело време пишувала пораки на мобилниот телефон и не обрнувала внимание на другите патници. Околу вратот имала синџир со крст, а како што пишуваат австриските медиуми крстот е симбол на нејзината српска православна религија.krst lance

Во еден момент на Даниле и пришле тројца млади момци со бради. Еден од нив го фатил нејзиниот ланец и и рекол да го фрли, односно дека подобро за неа е ако веднаш премине во ислам.

Тој и го држел ланецот се додека возачот на автобусот не застанал и ги исфрлил.

-Секогаш сум ги почитувала сите религии. Но ова што се случи ми го промени мислењето за исламот, изјавила Даниела, која за време на војната во Југославија избегала заедно со семејството во Австрија.

Таа вели дека многу бегалци од исламската држава ја носат културата со себе.

-Мораме да бидеме внимателни, бидејќи сме преплавени со фундаменталисти, изјавила оваа млада девојка. Таа вели дека е многу благодарна на Австрија што како држава им дала засолниште кога им било најтешко.

-Се надевам дека ова нема да се случи повторно, вели Даниела.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1