Руски ХААРП – Путин платил 7 милиони евра за сончев ден на денот на парадата


Рускиот претседател Владимир Путин за да обезбеди чисто небо и сончево време на прославата на Денот на победата, на 9 мај ќе потроши 400 милиони рубљи (околу 6,7 милиони евра) за авионско прскање на облаците во околината на Москва со коктел од хемиски агенси во раните утрински часови.

billederhaarp-hole-in-sky2-300x2251

Планирано е оваа задача да ја извршат десет авиони „антонов“ и „иљушин“, кои ќе полетаат од базата Чалковски, северно од Москва.

Поради оваа интервенција би можеле да бидат загрозени селата оддалечени и до 90 километри од Москва, кои би можеле да се најдат на удар на поплави, пишува британскиот весник „Дејли мејл“.

Коктелот, кој ќе обезбеди сончев или барем сув ден на 9 мај над Москва е составен од сребрен јодид, течен азот и сув лед.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1