Поради денешниот жесток судир помеѓу Македонската полиција и вооружените косовски терористички банди кои го затворија Куманово за влез и излез, предмалку е затворен сообраќајот и на автопатот кон границата со Република Србија, јавува порталот Инфомакс.
Овој автопат ја поврзува Македонија со Србија, но е и дел од автопатот кој ја поврзува Србија и Бугарија со Грција. Поради безбедносни причини, автомобилите се враќаат или се пренасочуваат по обезбедени патишта.
Поради жестоките судири на македонската полиција со вооружената група во Куманово, покрај влезовите и излезите на градот, затворен е сообраќајот кон границата со Република Србија и раскрсницата која води кон Крива Паланка кон Бугарија, јавува Вечер.мк.