МВР: Акцијата во Куманово се уште трае – расте бројот на повредени (Видео)


Министерството за внатрешни работи апелира за трпение и смиреност кај граѓаните. Активностите на терен се уште се во тек, информира помошникот министер за внтарешни работи Иво Котевски.

„По завршувањето на акцијата ќе ја информираме јавноста. Дотогаш апелираме за трпение и смиреност кај граѓаните“, вели Котевски.Screenshot_155

Населбата на Јунаците во Куманово е целосно блокирана, забранет е влез и излез за жителите. Сеуште неможе да се даде точна бројка на повредени и загинати. Тројца полицајци се ранети и пренесени на клиничкиот центар во Скопје. Некои од ранетите се пренесуваат и со хелихоптери, а како што јавува АлсатМ од министерството за здравство дадена е наредба до персоналот да не даваат никакви изјави и информации. Клиничкиот центар во Скопје е затворен за возила, освен за болнички и полициски возила. Нофицијално има 14 повредени, но вероватно бројот на повредените расте од минута во минута, а точната бројка може да се дознае единствено од МВР. Ранетите се носат и во воената болница 8ми Септември во Скопје, болницата е комплетно блокирана од полициските сили и никој неможе да се приближи до истата. Дополнителен лекарски персонал се повикува поради големиот број на повредени.

Во Куманово нема никакви меѓуетнички тензии, кумановци се изненадени и незнаат што навистина се случува, албанците и македонците се загрижени едни за други.11117581_1853938751498760_1143999615_n

МВР утрово презеде мерки за разбивање на вооружена група во кумановската населба „Диво насеље”, каде што најмногу живеат Албанци. Акцијата, која се одвива по претходно добиени оперативни сознанија дека во тој дел од градот има вооружена група, се уште трае.

Во престрелката меѓу полицијата и сè уште неидентификувана вооружена група утрово во Kуманово биле повредени најмалку 15 полицајци, а меѓу нив тројца биле со тешки повреди. Сите повредени полицајци се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје кој е под силно полициско обезбедување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1