Терористите сакале да нападнат стратегиски објекти во Куманово


Неофицијално, терористичката група брои меѓу 70 до 80 лица, но намерата им била да влезат во двојно поголем број и да нападнат стратегиски објекти во градот. Се множат апели за смиреност и неподлегнување на провокациите, објави Дојче Веле.Screenshot_149

Престрелката во Куманово се жештува. Се слушаат пукотници, интервенираат бројни екипи на службата за Брза помош, улиците се блокирани, а во градот се стационирани неколку стотици полицајци. Најжестоките престрелки и натаму се водат во месноста „Дива населба“, односно месната заедница „Тоде Мендол“ која се наоѓа од десната страна при влезот во Куманово.

Над Куманово кружат хеликоптери , но имаат и чести прелети над Скопје. Се претпоставува дека до клиничките центри транспортираат повредени од денешната акција на МВР, која започнала утрово околу 4 часот за разбивање на непозната вооружена група стационирана во кумановската „Дива населба“.

Засега нема потврда за наводите дека има и загинати. Целосно се изгорени три куќи, кои биле искористени како засолниште на терористичката група.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1