ДПА со апел до граѓаните


Демократската партија на Албанците информира дека со внимание ги следи случувањата во Куманово и апелира до граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации. ДПА како опозициска партија бара од МВР и од другите владини институции кои се вклучени во оваа ситуација, со нивните дејства на ниту еден начин да не ги загрозуваат животот и имотот на граѓаните.dpa

ДПА, се додава во соопштението, има потенцијал и партиска способност насобраното незадоволство да го артикулира со политички методи и да ги брани интересите на Албанците од Македонија. ДПА апелира Албанците да не станат дел од сценарија на разни поединци или групи со агенда и цели кои не се дел од методите со кои Албанците би сакале да ги решаваат нивните проблеми. ДПА го повикува меѓународниот фактор итно да интервенира во ситуацијата за да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1