Извештај од Ургентен Центар – колку полицајци се повредени


Тројца од четворицата полицајци, за кои имаофицијална информација дека се повредени во акцијата што почна рано изутрината за разбивање вооружена група во „Дива населба“ во Куманово, се префрлени на скопските клиники.

Дежурниот лекар во Кумановската болница Драган Тасевски потврди за МИА дека утринава во 5:15 часот тројца полицајци повредени од огнострелно оружје биле донесени во болницата и по укажаната прва помош се префрлени на скопските клиники. Еден полицаец со повреди на левата потколеница е задржан во кумановската болница.

Screenshot_154

Од реонот над Зелениот пазар во кумановската „Дива населба“( Тоде Мендол) повремено се слушаат истрели и се забележува чад. Градот повремено го надлетуваат хилихоптери, а низ улиците има засилено полициско присуство. За сообраќај се уште е блокиран дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“, како и улиците кои гравитираат во реонот околу „Поток серава“, „Дива населба“ и дел над зелениот пазар. Полициско обезбедување има пред СВР Куманово, болницата, како и на влезот во Куманово. Откажани се сите манифестации закажани за денеска. Во останатиот дел од градот сообраќајот се одвива нормално.

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски апелира на разумност и истакнува дека МВР ги презема потребните активности согласно своите надлежности. Сите јавни претпријатија и капацитети на општината, како што рече, се ставени на располагање на полицијата за сузбивање на вооружената група во населбата која е со мултиетничко население.

Портпаролот на МВР Иво Котевски претходно изјави дека МВР презема мерки за разбивање на вооружена група во кумановската „Дива населба“. Од МВР апелираат граѓаните да останат мирни. Повеќе информации најавуваат по завршување на активностите на терен.

Видео – Канал 5

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1