Не престануваат детонациите и престрелките во Куманово


Детонации и рафални стрелби се слушаат од населбата „Тоде Менол“ во Куманово каде уште од рано изутрината во тек е акција на полицијата за сузбивање на вооружена терористичка група, пренесе МИА.

Претходно кон населбата се упатија дополнителни полициски возила, а во тек е постепено евакурање на населението, од кое дел се повлекува пеш, а дел со полициски возила. Од локацијата се повлече возилото на противпожарните служби.Screenshot_147

Пристапот до  населбата  е блокиран освен за возила на полицијата и на Прва помош. Затворена за сообраќај е едната сообраќајна лента од булеварот „Трета МУБ“, а полицијата ги пренасочува возилата кон другите делови на градот. Во останатите кумановски населби сообраќајот се одвива нормално, но е забележливо засилено полициско присуство.Сообраќајот по автопатот од Табановце-Куманово-Скопје се одвива нормално и нема никаков застој, пренесе МИА.

Портпаролот на МВР Иво Котевски на прес-конференција во 14 часот информира дека поради специфичноста на теренот полицијата напредува постепено и врши претрес во сите куќи. Групата, како што изјави Котевски, имала за цел да организира напади врз државни институции, а во Македонија влегла од една соседна држава.

– На нападот е одговорено исклучително внимателно и соодветно на ситуацијата. Апелираме граѓаните и јавноста да останат мирни, да се воздржуваат, а заради чувствителноста на ситуацијата во овој момент не би соопштувале дополнителни детали, рече Котески и најави дека МВР подоцна ќе излезе со целосни информации за преземените мерки.

Апели за смиреност и неподлегнување на провокации упатија и политичките партии, Делегацијата на ЕУ, ОБСЕ и дел од амбасадите во државава

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1