Улични борби, запалени куќи, евакуација на цивили – Куманово денес пуст град


Истрели од разно пешадиско оружје, детонации и запалени куќи. Пукотниците кои траеа цели 16 часа се интензивираа во попладневните часови.Screenshot_147

Дивата населба бешее под целосна полициска опсада. Не му беше дозволен влез на никој. Локалните жители со торби во страв го напуштаа реонот, а полицијата ги насочуваше по безбедна рута.
И по информацијата за предавањето на дел од терористите и получасовното затишје околу 20 часот повторно се слушнаа детонации и истрели од тешко автоматско оружје. Според официјалните информации од МВР токму во попладневните часови бил и најжестокиот удар од терористите во кои биле повредени 6 полицајци. Билансот на повредени се искачи на 30.
Полицијата и во текот на ноќва продоли со чистење на теренот. Градот е пуст замрени се сите пукотници. Полицијата е распоредена на сите спратешки точки, како и на влезовите и излезите од Куманово, дел од нив се затворени.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1