Ова ги потврдува оперативните сознанија на безбедносните служби дека дел од планот на терористичката група било и изведување на терористички акции со цел да се предизвикаат што повеќе човечки жртви и паника кај населението, како дел од планот за дестабилизација на државата.
Имајќи во предвид дека во текот на вчерашниот ден беше планирано да се одржи фудбалскиот натпревар Шкендија-Вардар, а за денес беше планирано оддржување на Скопскиот маратон, како и фактот дека недела во Куманово важи за пазарен ден, повеќе од оправдано е дејствот на безбедносните сили за разбивање на терористичката група.
Нетпрес.мк