ЦРН ДЕН – БРОЈКАТА НА ЗАГИНАТИ ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ИСКАЧИ НА 8


Се уште се слушаат пукотници во населбата. Уште еден припадник на МВР го загубил животот по извршување на хируршка интервенција. Бројката на загинати припадници на безбедносните сили се искажи на осум, според неофицијални информации на ТВ „Сител“.

Во раните утрински часови на повредите им подлегнал уште еден припадник на безбедносните сили.

Уште еден од повредените се бори за живот, а неколкумина се во тешка состојба.

 Даниел Краљевски / Think.mk

Даниел Краљевски / Think.mk

Во хируршките клиники има забрана за посета на цивили, а од внатрешноста не се препраќаат пациенти освен итни случаи.

Во текот на вчерашниот ден итната медицинска помош од Куманово и Скопје рамо до рамо оделе со специјалците до местата каде што има повредени специјалци и санирале повреди пред транспорт на клиника.

Повторно на работа се истите лекари сестри и медицинскиот персонал што значи дека самоиницијативно над 30 часа се на работа за да помогнат на повредените.

Десетина специјалци се примени во болниците 8 Септември и Свети Наум Охридски.

Неколку припадници на безбедносните сили се во тешка и критична состојба и биле оперирани уште вчера.

Спорадични престрелки се уште се слушаат, но за разлика од вчера со навистина помал интензитет. На 15-20 минути се слуша по еден рафал од автоматско оружје, а вчера со часови одекнуваа силни детонации од кои се тресеше Куманово.

Специјалната полиција го обезбедува местото, има две амбулантни возила во случај да има повредени полицајци за да ги однесат во болница.

До овој момент не се знае дали и колку цивили има во Дива населба.

Вкупно 8 полициски службеници го загубија животот во престрелките при интервенцијата за неутрализација на терористичката група која делуваше во Куманово.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1