Дваесетте терористи кои вчера се предодадоа денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. Полициски возила веќе пристигаат пред судот, јавува Канал 5.
Осомничените за тероризам кои вчера и се предадоа на полицијата во Куманово можат да бидат задржани 24 часа пред да бидат изведени пред суд.
Секој момент се очекува тие да пристигнат во судот, ако не се веќе пристигнати, бидејќи во 13 часот полициски возила веќе пристигаа до судот. Се работи за групата од 20 луѓе кои вчера и се предадоа на полицијата а денеска ќе дадат исказ пред судот.