ВО СТРУГА ЗНАМИЊАТА НЕ СЕ НА ПОЛА КОПЈЕ: Села не ја почитува дводневната жалост


Знамињата пред општина Струга не се спуштени на половина копје.

За градоначалникот Зијадин Села не важи одлуката на Владата донесена на вонредна седница за определување на 10 и 11 мај за денови на жалост во земјата по повод загинувањето на припадниците на безбедносните сили на МВР во полициската акција за разбивање на големата терористичка група во Куманово случена пред два дена.

Foto - Kanal5

Foto – Kanal5

Во моменти кога цела Македонија тагува за изгубените животи и истовремено им оддава почит на големите македонски херои што животот го дадоа и паднаа на браникот на татковината, во моменти кога цела Македонија ја почитува одлуката на Владата за спуштање на знамињата пред институциите на половина копје, струшкиот градоначалник Зијадин Села не најде сила и не покажа чувство за оддавање почит кон загинатите херои, кои патем речено беа од различна етничка припадност и вероисповест.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1