nenad11Ненад Серафимоски,  нецели две години беше вработен во МВР.

Со своите 28 години тој е најмладиот меѓу загинатите припадници на безбедносните сили во престрелките во Куманово.

Серафимоски, за летово се подготвувало за веселба, на која нивниот единец требало да се ожени.

isamedinСерафимовски, како припадник на специјалните единици (тигри) е меѓу првите жртви во полициската акција која вчера се одвиваше во Куманово

Исамедин Османи, од скопско Студеничани зад себе остави сопруга и 2 дечиња.

Горан Илиевски е погребан во Гостивар.

goran ilijevskiИлиевски имаше 41 година, беше оженет и татко на малолетно дете. Во Министерството за внатрешни работи бил вработен во 2002 година.

На гробиштата во Стајковци ќе биде погребан полицаецот Бобан Ивановиќ, во Камник- Горан Стојменовиќ

boban i goran goran stojmenovic