ДУИ: Настаните во Куманово и Гошинце не се од интерес и определба на Албанците во земјата и регионот


Централното претседателство на Демократската Унија за Интеграција на седницата одржана на 11ти мај 2015 година во седиштето на партијата во Тетово дискутираше за случувањата во Куманово и безбедносната ситуација во земјата.

Сите органи на ДУИ одблизу ги имаат следено сите случувања во Куманово на 9 и 10ти мај 2015 и биле во постојан и директен контакт со населението на Куманово и Липково, со ограноците и локалните совети на ДУИ во овие две општини, со локалната, законодавната и извршната власт како и со соодветните институции.dui-1

Демократската Унија за Интеграција смета дека настаните во Куманово и Гошинце, но незаборавајќи и другите безбедносни инциденти во последниве месеци, не се во согласност со нашите стратешки определби и не се од интерес и определба на албанската нација во земјата и регионот.

Демократската Унија за Интеграција изразува искрено сочувство до семејствата на загинатите во вооружениот судир во Куманово и им посакува побрзо закрепнување на повредените.

Демократската Унија за Интеграција гарантира дека државните институции ќе им помогнат на жителите во Населбата за материјалните штети.

Демократската Унија за Интеграција ќе се ангажира за транспарентен, истражен и судски процес за инволвираните во судирите на 9 и 10 мај во Куманово.

ДУИ останува посветена за стабилна и безбедна Македонија. Посветени сме, во соработка со САД, ЕУ и НАТО, за да се постигне целосна рамноправност меѓу албанците и македонците, да продолжи целосната имплементација на Охридскиот Договор, одржување на добри меѓуетнички и соседски односи, да ги надминеме споровите кој го држат заложен Евроатланскиот интегративен процес во мир и безбедност како и час поскоро да се приклучиме во Северноатлантската Алијанса и да ги започнеме разговорите за членство во Европската Унија.

Демократската Унија за Интеграција исто така и се заблагодарува на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, канцелариите на ОБСЕ, ЕУ и НАТО во Македонија заедно со Амбасадите на земјите членки на Европската Унија како и на Комесарот Хан за интензивната комуникација и неговиот придонес за надминување на безбедносната криза во Куманово.

ДУИ изразува благодарност за одговорното следење на настанот од страна на медиумите.

Ги повикуваме сите граѓани во државата да не подлегаат на разни дезинформации кои не помагаат во смирување на ситуацијата и точното инфомирање на јавноста.

Јавното мислење треба да биде добро и точно инфомиран со потврдени информации за секоја ситуација и сите случувања во врска со безбедносната ситуација, се вели во соопштението од ДУИ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1