Градот Скопје ги известува граѓаните дека денес и утре поради изведување градежни работи целосно ќе биде затворена за сообраќај делницата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов од крстосницата со улицата Московска до крстосницата со булеварот 8.Септември.
Автобусите на јавниот градски превоз на автобуската линија со број 4А, во правец од Центар кон Тафталиџе 2, ќе бидат пренасочени по булеварот 8.Септември, булеварот Партизански одреди и по улицата Московска. Во насока од Тафталиџе 2 кон Центар автобусите ќе се движат по истата траса, во обратна насока.
Автобусите на линиите 5 и 5А, во правец од Центар кон Ѓорче Петров ќе бидат пренасочени преку булеварот 8.Септември, булеварот Партизански одреди, улицата Московска и ќе продолжуваат по својата траса, по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Во обратна насока автобусите ќе се движат по истата траса и притоа ќе ги користат постоjните автобуски стојалишта.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.