Ако возите низ Скопје прочитајте – затворени улици за сообраќај


Градот Скопје ги известува граѓаните дека денес и утре поради изведување градежни работи целосно ќе биде затворена за сообраќај делницата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов од крстосницата со улицата Московска до крстосницата со булеварот 8.Септември.Mitropolit-Teodosij-Gologanov

Автобусите на јавниот градски превоз на автобуската линија со број 4А, во правец од Центар кон Тафталиџе 2, ќе бидат пренасочени по булеварот 8.Септември, булеварот Партизански одреди и по улицата Московска. Во насока од Тафталиџе 2 кон Центар автобусите ќе се движат по истата траса, во обратна насока.

Автобусите на линиите 5 и 5А, во правец од Центар кон Ѓорче Петров ќе бидат пренасочени преку булеварот 8.Септември, булеварот Партизански одреди, улицата Московска и ќе продолжуваат по својата траса, по булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Во обратна насока автобусите ќе се движат по истата траса и притоа ќе ги користат постоjните автобуски стојалишта.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено воведениот сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1