Новоизбраниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски (1985) досега ја вршеше функцијата директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Станува збор за човек кој одлично ги познава проектите на Министерството за транспорт, реформите кои се во тек во секторите кои се во надлежност на Министерството, проектите од Програмата на Владата и нивната динамика на реализација, истакна премиерот Груевски.
Дипломирал на Факултетот за политички науки и меѓународни односи во Скопје на отсекот дипломатија и меѓународна политика каде завршил и магистерски студии. Работел како помлад соработник и како советник за меѓународна политика во Кабинетот на Претседателот на Собранието на РМ, а советник бил и во Општина Ѓорче Петров, каде бил и претседател на општинската Комисија за прашања, избори и именувања.
Во Општина Центар работел како раководител на сектор за поддршка на активностите на градоначалникот по што ги врши функциите државен секретар во министерствата за надворешни работи и за транспорт и директор на Јавното претпријатие за државни патишта.