Терористичката група која го нападна Куманово, е платена од страна на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, и тоа со пари од дрога, пишува српскиот весник „Курир“, повикувајќи се на свои извори од службите за безбедност на Србија.
-Групата, која беше предводена од поранешен командант на Ослободителната национална армија добила пари за да организира терористички напади во Македонија. Акцијата е финансирана од Рамуш Харадинај и неговото семејство, кои го контролираат патот на дрогата во овој дел на границата и шверцот со гориво. Оттаму се и парите за акцијата во која учествуваа околу 40 луѓе, предводени од блиски соработници на Харадинај, изјавил изворот за весникот „Курир“.