Доца е самохрана мајка, која што живее во трошна куќа во Кисела Вода. Има прекрасна ќерка која завршува петто одделение и е најдобар ученик во одделението.
Им требаат кревет, биро, компјутер, а мајката не може да и го овозможи на својата ќерка она што другите го имаат: екскурзија, нови тренерки, убава книга. Девојчето ангел, на неа не може да се забележи ситуацијата во која се наоѓа, бидејќи успешно ја крие од другите деца. Долги години криела и од учителката која всушност ја покренала акцијата.
На оваа храбра фамилија потребно им е се (сликите каде живеат се во прилог)- мебел, компјутер, постелнина, облека, храна.
„Дарувајте ја со убави работи кои вас повеќе не ви користат. Зошто да ви седат во подрум или да собираат прашина во некој кош? Во нашава земја има луѓе на кои тоа неизмерно и веднаш им треба. Стоплете им го срцето со вашата добрина! Ако најдете и можност за оваа мајка да се вработи ќе биде многу добро, таа веќе повеќе месеци нема работа,“ апелираат од Коалиција Боите на животот.
Од истите причини поради кои девојчето криело во каква состојба се, тие не сакаат да се фотографираат.
Секој што сака да помогне нека се информира на мејлот: [email protected]
Повеќе на emagazin.mk