Со започнување на протестите пред Владата, челникот на опозицскиот СДСМ, Зоран Заев, најави во саботата на прес-конференцијата дека привремено ќе го запре објавувањето на ткн „бомби“, односно прислушувани наводни телефонски разговори меѓу владините функционери.
„За случајот ‘Монструм’ за Смилковско езеро секако дека ќе бидат објавени, но поради чувствителноста , не ги објавивме пред големиот протест, но ќе го исполниме дадениот збор. Сега почнува само пауза на ‘бомбите’“, рече Заев.
Во случајот „Монструм“ со која шест лица се осудени на доживотна затворска казна за пектратното убиство што се случи во април 2012 година кај Смилковското езеро крај Скопје. Според истрагата, извршителите на масакрот во кој беа убиени четворица матуранти и еден возрасен маж – сите етнички Македонци, дејствувале од позиции на радикален ислам и имале цел да предизвикаат страв и чувство на терор кај населението.