НЕМИРИ ВО НАЈАВА: СДСМ немало да си оди од протест – а утредента власта на исто место ќе протестира


Протестот на Власта што ќе се одржи наредниот ден по народниот протест на опозицијата ќе биде на истото место каде што СДСМ ќе кампува. Заев најави дека нема да се помрдне од местото. Доколку двете групи се најдат ете ти можни немири и ексалација – кој ќе биде виновен тогаш? СДСМ кој не се помрднала или ВМРО ДПМНЕ кој е организатор на протестот нареднипт ден?

Доколку опозицијата инсистира на тоа дирекно им го ускратуватува правото на протест на оние кои планирале во понеделник да излезат на улиците. Доколку двете групи се сретнат во ваква чуствителна атмосферта ниту полиција ниту повици за мирен протест нема да помогнат, велат аналитичари.

Вака одговори на новинарско прашање првиот опозиционер Зоран Заев на денешната прес-конференција.Заев беше категоричен дека тие немаат намера да се поместат од пред Владата.

protest vlada policija

„И покрај се што прават, сите заинтересирани, ќе ги донесеме во Скопје, некои и со булдожери, трактори или пеш. Тие протестот на 18-ти го закажаа на истото место каде што ќе биде и нашиот, а ние од таму не си одиме, се до оставката на Груевски и формирање на преодна Влада. Јас постојано ќе бидам таму, освен кога сум на разговори кои ќе доведат до оставка на Груевски и преодна Влада“, рече Заев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1