Отстранети полициските блокади од центарот на Куманово


Во раните попладневни часови се отстранети полициските блокади коишто од петокот беа поставени на двете улици во центарот на Куманово, на коишто се наоѓаат објекти на државни институции, судот и зградата на СВР Куманово.

Според граѓаните, сега слободно се одвива сообраќајот по улиците „11 Октовмри“ и „Тодор Велков“, кои од петокот беа блокирани. Исто така, не е забележливо зголемено присуство на полицијата во овој дел од Куманово.Screenshot_153

Министерството за внатрешни работи во петокот соопшти дека споманатата блокада на сообраќајот е поради преземање мерки за зголемена безбедност во Куманово. На споменатите две улици се наоѓаат зградите на важни државни институции и установи, како судот, СВР Куманово, општината, подружницата на „Македонски пошти“, и неколку локални подружници на државни институции.

Комисија на Владата и на Општина Куманово започна проценка на штетите на домовите на населението, чии куќи беа оштетени и најавено е целосно покривање на штетите.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1