По четиричасовниот протест на граѓаните и опозицијата, раководството и дел од граѓаните поставија шатори и одлучија да кампуваат пред Владата. На Илинденска пред Владата се уште се поставуваат шатори во кои граѓаните се решени да престојуваат се` додека не замине Премиерот од функција.
Пред владата се поставија шатори, маси, столици. Дел од демонстрантите кои беа присутни на митингот против владата одлучија да преспијат под ведро небо, пренесе А1он . Булеварот пред владата е целосно затворен за сообраќај.