Сообраќајна несреќа се случи околу 16 часот на магистралниот пат Битола – Кичево пред селото Лопатица, пренесува ТВ Орбис. Според првичните неофицијални информации до кои дошла Телевизија се работи за автобус кој сообраќајќи на својата редовна линија од Битола за Кичево кај селото Лопатица, поради откажување на воланот, изгубил контрола и излетал од патот.
Според неофицијалните информации потешко повреден е возачот, а патниците се здобиле со полесни повредни и скршеници. Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата.
Од СВР – Битола ја потврдија информацијата за сообраќајната несреќа.