Околу 15 часот, Куманово го зафати невреме проследено со врнежи од град и поројни дождови. Градот кој непрестано паѓаше повеќе од пет минути, ги побеле улиците во градот, јавува Kumanovonews.
Од силината на дождовите, на улиците течеше надојдена вода, а некои граѓани излегоа за да ги отворат шахтите пред семејните куќи.
Врнежите од град и дожд престанаа пред неколку минути.
Според УХМР, попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 31 степени.