Свадба на повидок: Падна просидба – Викторија Лоба кажа ДА?


Скопјанецот Ѓорѓи или попознат како Жучо речиси неполна година е во врска со нашата најатрактивна поп-пејачка, Викторија Лоба.  Жучо има околу 40-години, а веќе неколку години живее во Мајами каде има свој бизнис, пишува Убавина и здравје.momceloba-493x640

Поради Лоба тој повеќе време поминува во Скопје отколку во САД. Колку е нивната љубов голема говори и фактот што наводно викендов на романтичното патување во Милано Жучо ја побарал раката на Лоба. Двајцата решиле да ја чуваат во тајност свршувачката се до септември кога и планираат да им обелоденат на пријателите и роднините.

– Жучо во септември има неколку слободни денови, па се сети да направи забава, на која пред сите ќе се појави рака под рака со Лоба. Неговите пријатели се уште не ја запознале. За врската знаат само најблиските пријатели на Жучо. Тие добро се криеа од јавноста, но сега кога сфатија дека нивните емоции се силни, ја обелоденија врската. Лоба е толку заљубена што не ја интересираат никакви коментари и реакции за нејзината нова врска со Ѓорѓи – изјави за Убавина и здравје извор близок на пејачката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1