Откако победникот на годинешниот Евросонг, Монс Зелмерлев прилегнал на каучот да одмори и решил даја постирал оваа фотографија на која одмора, добил смртни закани.
Имено, ден пред финалето, Монс се испружил на каучот за да се одмори меѓу две проби, наслонувајќи ги нозете на нешто што личи на здиплено албанско знаме. Направил селфи и фотографијата ја постирал на својот Фејсбук профил.Неговиот статус предизвика лавина на коментари и негодувања, особено од Албанците ширум Европа.
„Засрами се“! „Ова е срамота, тргни ја фотографијата“. „Ова е нашето преубаво знаме на ка кое сме горди, а ти го валкаш под своите нозе“. „Нашите дедовци дале крв за ова знаме, за да можеме мирно да живееме, а сега овој сер.о ги става нозете врз него“? – биле само некои од коментарите на огорчените Албанци.
По бројните опомени, коментари, па дури и заканувачки пораки и навреди на Интернет, Швеѓанецот одлучил да ја тргне фотографијата од својот Фејсбук профил и Инстаграм.