Ќе дознаеме кој е Македонецот со 54,6 милиони долари на швајцарска сметка?


Јавното обвинителство ги истражува наводите за швајцарски сметки на Македонци.Од обвинителството велат дека е отворена истражна постапка за сметки во странски банки, по основ на допрен глас, со цел да се утврдат фактите и доказите, но не прецизираа дали се работи токму за тие кои ги објави конзорциумиот.

Откако Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи во февруари објави детали за клиенти на Швајцарските банки од ширум светот за кои постојат сомневања дека затајувале данок, деновиве почнаа и да се објавуваат нивните имиња.

covek pari

Швајцарија почна да ги објавува имињата на клиентите на швајцарските банки за кои постои сомнеж дека се вмешани во криминал со затајување на данок. Ваква директива пред неколку дена до Швајцарија пристигна и од Европскиот парламент, со која се наметнува обврска за објавување на имињата на странски државјани кои имаат отворени сметки во швајцарските банки.

Според објавенето, 9 македонски државјани имаат 15 сметки во банката ХСБЦ и на нив  вкупно чуваат 164 милиони долари. Само еден од овие граѓани на сметката имал 54 милиони долари.Овие сметки македонските државјани ги имаат отворено во периодот од 1998 до 2006 година. Ова се податоци само за швајцарскиот огранок на британската банка ХСБЦ, која им помагала на богатите клиенти да избегнуваат плаќање даноци и да скријат милиони долари.

Како се стекнати овие пари и дали се работи за затајување данок треба да се утврди во истрага. Она што е специфично за Македонија е дека законот забранува резиденти на оваа држава да имаат сметки во други земји.

Податоците покажуваат дека најмногу нелегални пари се изнесени во 2008 година, односно 928 милиони долари и во 2011 година 852 милиони долари.

Според истражувањето Македонија се наоѓа на 79 место по износот на изнесени нелегални средства во странство. Од регионот Хрватска е на 49 место со 1,4 милијарди долари, Албанија е на 115 место со 128 милиони долари.

Српските медиуми веќе обелоденија четири српски државјани кои имаат швајцарски сметки. Зоран Ивковиќ, Зоран Дракулиќ, енергетскиот тајкун Вук Хамовиќ и фудбалерот Драган Стојковиќ – Пикси.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1