Косово ќе ја тужи Македонија за терористите!


Косовските служби намерно ја премолчаа информацијата за терористичката група и нејзините намери, не ја споделија со македонските колеги, не се извинија туку, напротив, ги прогласија за маченици и им приредија погреби со сите државни и воени почести, а министерствата за надворешни работи и правда им нудат правна помош на семејствата на ликвидираните, кои, исто така, подготвуваат тужби

teroristi-kumanovo

Косовското Јавно обвинителство идната недела ќе отвори истрага за начинот на кој загинале деветтемина косовски државјани кои беа ликвидирани во акцијата против терористичката група во кумановското Диво Насеље и најавува дека најверојатно ќе поднесе тужба против нашата држава без да прецизира за што точно ќе биде побарана одговорност.

Оттаму велат дека го чекаат извештајот на Судска медицина од обдукцијата во Скопје и по споредбата на резултатите од обдукцијата направена во Приштина ќе покренат истрага која би резултирала со тужба против Република Македонија.

Ова индиректно го потврди косовскиот јавен обвинител Али Реџа, кој појасни дека истрагата би била доделена на нивното Специјално обвинителство, кое е задолжено за ваков тип истраги и предмети.terorist

Во меѓувреме, тужби најавија и семејствата на ликвидираните терористи, а косовските министерства за надворешни работи и за правда им најавија дека ќе им обезбедат бесплатна правна помош и советување за подготвувањето на тужбата против нашата држава.

Еден од ликвидираните водачи на терористичката група, Бег Ризај, викендов беше погребан во Глоѓан со сите воени почести и стража облечена во униформите на УЧК, а на погребот присуствуваа претставници на Самоопределување и партијата на Рамуш Харадинај вклучувајќи го и неговиот брат Даут.

Целата сторија на – Вечер.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1