Ќе има големи земјотреси – Се создава нов континент


Земните маси веќе се во процес со кој се формира нов суперконтинент Амазија, објави  “Дејли мејл”. Ова го тврди д-р Женг-Сјан Ли кој ги проучувал во Непал судирот на Индиската и евроазиската плоча.

Иако веќе е поврзана со Евроазија, Индиската плоча продолжува да се движи на север со неколку сантиметри годишно. Ова предизвикува тектонски активности.kontinent123-630x315

Другите континенти така се движат еден кон друг, а Пацификот се стеснува со неколку сантиметри годишно. На крајот на процесот ќе предизвика судир на Америка со Евроазија. Австралија исто така се движи кон Азија со 7 см годишно.

Идејата дека на Земјата се формира нов суперконтинент наречен Амазија, не е нова.

Повеќе совршената техника сепак овозможува промените да се следат во невиден начин. Специјалистите не се согласуваат каде ќе се формира новиот суперконтинент. Според некои центарот ќе е Африка, но научниците од Универзитетот Јеил мислат дека тој ќе е околу Северниот Пол. Според нивното истражување од 2012 година Северна и Јужна Америка ќе се спојат, Карипско Море и Северниот Леден Океан ќе исчезнат, а Азија ќе се спои со двете Америки. Ова може да се случи по 50 до 200 милиони години.

Новата техника – сеизмичка томографија со висока резолуција, географски информациони системи и сè поголемата компјутерска моќ, им овозможуваат на научниците да ги пронајдат овие промени во невиден начин.

Тие на пример можат да ги споредат со претходните суперконтиненти Родина и Пангеја, формирани се соодветно пред една милијарда и 300 милиони години.

“Овие технологии ни овозможија да ја поврзуваме сегашната тектоника на плочите со динамични процеси длабоко во мантија, а исто така и со древни геолошки податоци”, вели д-р Ли за “Сиднеј морнинг хералд”.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1